Настани и проекти
Настаните, проектите и моментите што ја зближуваат македонската студентска заедница во Словенија.
Сите наши проекти
Утринско кафе пред ЦТК 2026
Кафе, овошје, грицки и малку простор за одмор среде испитната сесија.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Универзитетот во Љубљана
Студенти, професори и претставници на дипломатскиот кор се собраа на Правниот факултет на предавање посветено на уставните трансформации и процесот на европска интеграција.
Плаќања преку СЕПА: практични аспекти и предизвици за граѓаните
Онлајн средба со Народната банка на Република Северна Македонија им помогна на студентите и родителите подобро да разберат што значи СЕПА за секојдневните плаќања во евра меѓу Северна Македонија, Словенија и поширокиот европски простор.
Тимбилдинг на МСОС и отворање на MSOS Hub
Полудневно дружење со игри, домашна храна, разговори и прво претставување на новиот простор создаден за студентската заедница.
Заедничко гледање на фудбалски натпревар помеѓу Македонија и Велс
Четириесет и пет студенти се собраа во Лепа Жога за заедно да ја поддржат Македонија, да се дружат и да покажат дека има интерес за почести спортски настани.
Кафанска вечер
Околу 200 српски и македонски студенти го исполнија кафулето АУЛА со музика во живо, заеднички маси и формат што МСОС сакаше да го истражи.
Заедничко пешачење на настанот „Пат околу жицата“
Дваесет и четири студенти од шест држави се собраа во Љубљана за првата заедничка активност на четири студентски здруженија и заедно се приклучија на Патот околу жицата.
Хуманитарен спортски турнир во Марибор
Повеќе од 200 студенти играа со срце во Марибор и собраа 1.010 € за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.
Во спомен на жртвите од Кочани
Повеќе од 600 луѓе се собраа во Љубљана во чест на жртвите од пожарот во Кочани.
Сликање и вино на зајдисонце
Сликање, вино и музика ги собраа студентите во Горица на првиот настан на МСОС Нова Горица.
Во спомен на Фросина Кулакова
Македонските студенти во Љубљана се собраа во светлината на свеќите во спомен на Фросина.
Заедничко гледање ракомет во Словенија
Од Љубљана до Марибор, студентите ги наполнија кафулињата со знамиња, извици и смеа за репрезентацијата.
Запознај ја студентска Словенија 2024
Кога студентските приказни се претвораат во првиот чекор кон новиот дом.
Утринско кафе пред ЦТК, 2024
Кога испитите некако ти стануваат полесни со саботно утринско кафе, бурек и добро друштво!
Запознај ја студентска Словенија 2023
Преку искрени приказни од прва рака, идните студентите добија поддршка за првиот чекор кон нивниот нов дом.
Македонска студентска вечер во Љубљана
Од идеја до журка со 500 студенти, вака започна нашата приказна!
Ниту еден проект сè уште не одговара на овој филтер.
Фотографиите од настаните на оваа веб-страница се сопственост на МСОС. Ве молиме не ги користите повторно без наша писмена дозвола. За да побарате употреба или да побарате да отстраниме фотографија на која се појавувате, пишете на info@msosorg.com. Повеќе на нашата страница Официјални информации.