Нашиот тим, мисија, визија и основни вредности
МСОС е повеќе од организација, тоа е енергијата на тимот зад неа. Нашите членови се срцето и движечката сила што нè инспирира, пишувајќи ја оваа приказна и обликувајќи го студентскиот живот во Словенија.
Управен одбор
Кристијан Поповски
ОСНОВАЧ И ПРЕТСЕДАТЕЛ
Леа Јаначковска
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Марко Арсов
КООРДИНАТОР НА НАСТАНИ
Марија Коштревска
ИТ КООРДИНАТОР
Моника Велинова
СЕКРЕТАР
Нашите основни вредности
Нашите заеднички вредности нè држат поврзани и нè водат како еден тим.
Волонтерски дух
Силата на МСОС доаѓа од несебичното давање на нашето време и енергија. Секој проект, настан и идеја во МСОС е изградена врз напорната работа на нашите неверојатни волонтери. Нашиот волонтерски дух е доказ за посветеноста, страста и заедничката енергија на нашата заедница и причината зошто заедно стануваме посилни.
Солидарност и грижа еден за друг
Ние сме повеќе од група студенти, ние сме семејство. Се грижиме еден за друг и се поддржуваме меѓусебно не само со студиите, туку и со секојдневните предизвици. Тука сме да слушаме, помагаме и да ги славиме успесите заедно. Станува збор за давање без да очекуваме ништо за возврат и создавање на безбедна, топла и охрабрувачка средина каде што секој се чувствува дека припаѓа.
Љубов кон нашите корени и амбиција за иднината
Гордеемe се со тоа од каде доаѓаме и го носиме нашето македонско наследство со нас, додека се стремиме кон посветла иднина. Нашите корени ни даваат сила, а нашата амбиција нè турка напред. Нашата амбиција нè тера да бидеме професионални, иновативни и влијателни лидери и примери за углед во нашата земја домаќин.
Мисија и визија
Мисијата на МСОС е да ги застапува интересите, да го подобрува животот и да го олеснува студирањето на македонските студенти во Република Словенија.
Визијата на МСОС е да обезбеди глас, дом и поддршка за македонските студенти во Република Словенија, притоа охрабрувајќи го нивното активно вклучување во проекти од заеднички интерес.
Нашите членови и пријатели
МСОС се неговите луѓе. Со благодарност до сите што биле дел од нашата приказна — и до сите што сè уште ја пишуваат со нас.






















Привремено — целосниот список на членови и пријатели е во подготовка.