По успехот во 2023 година, „Запознај ја студентска Словенија“ оваа година се врати со уште поголема енергија. На 16 септември 2024 година во НЛБ Галерија Скопје, го одржавме второто издание на настанот кој стана вистинска традиција. Интересот беше огромен – имавме двојно повеќе пријави од капацитетот на просторот. Атмосферата беше полна со возбуда, прашања и желба за нови почетоци.

„Кафе муабет“ со идни колеги, но на панел дискусија

Нашата цел никогаш не била да правиме „суви презентации“. Наместо тоа, организиравме панел – вистински муабет со четворица студенти кои веќе го живеат словенечкиот студентски живот. Марија Коштревска од Универзитетот во Љубљана, Васил Ханџиски од Универзитетот во Марибор, Софија Матовска од Универзитетот во Нова Горица и Игор Арсов од Универзитетот во Приморска зборуваа за се: првите денови далеку од дома, како е да се најде сместување, што се студентските „бони“ и како изгледа да се гради нов круг на пријатели. Секој сподели нешто свое, а публиката прашуваше и се вклучуваше – баш како муабет на кафе.

Панел дискусија со говорници
Фотографија од модераторот и панелистите по следниот редослед: Климентина Чаповска (лево, модератор), Васил Ханџиски, Марија Коштревска, Игор Арсов и Софија Матовска.
Марија Коштревска и Софија Матовска го раскажуваат своето студентско искуство во Словенија.
Марија Коштревска (на горната слика) и Софија Матовска (на долната слика) го раскажуваат своето студентско искуство во Словенија.

Што остана зад нас

Оваа вечер не беше само размена на информации. Беше момент кога идните студенти разбраа дека не се сами во своите грижи и стравови. Секое прашање доби одговор од искуство, секоја дилема беше растопена со пример од реалноста. Многумина заминаа охрабрени со нови пријатели и со чувство дека Словенија веќе не е толку далечна и непозната.

Марко Ивановски, водител на настанот
Марко Ивановски, водител на настанот.
Леа Јаначковска, координатор на настанот
Леа Јаначковска, координатор на настанот.
Марко Арсов, презентер
Марко Арсов, презентер.
Претставници на Амбасадата, Управниот одбор на НЛБ Банка и Управниот одбор на МСОС.
На долната слика се претставниците на Амбасадата, Управниот одбор на НЛБ Банка и Управниот одбор на МСОС.

Поддршката што ја направи разликата

„Запознај ја студентска Словенија 2024" немаше да изгледа вака без помошта на нашите партнери и пријатели. Голема благодарност упатуваме до Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, НЛБ Банка Скопје како покровител и главен спонзор на целиот настан и Капитал Финансиски Центар, кои со својата поддршка овозможија настанот да се реализира на ова високо ниво.

Новопечатени налепници на МСОС
Фотографија од новопечатените налепници на МСОС.
Врачување цвеќе како благодарност до Амбасадата, Капитал Финансиски центар и НЛБ Банка Скопје
Фотографија од врачувањето на цвеќиња во знак на благодарност до Амбасадата, Капитал Финансиски центар и НЛБ Банка Скопје.

Посебна благодарност заслужува тимот на МСОС, кој неуморно работеше со недели за подготовките – од првичната идеја, па сè до последниот детаљ на вечерта. Над сè, големо признание за Леа Јаначковска, координаторка на настанот, која со својата енергија, трпение и организациски вештини се погрижи секоја коцка да биде на своето место.

Овојпат спомените од вечерта ги должиме на Христина Траковска, која беше фотограф и се погрижи сите тие моменти да останат забележани и да можеме повторно да ги проживуваме преку фотографии.

Поздравен говор на Н.Е. амбасадор господинот Грегор Прескер.
Фотографија од поздравниот говор на Н.Е. амбасадор господинот Грегор Прескер.

Зошто беше посебно?

Затоа што овој настан не беше само уште една презентација. Тој беше рака подадена кон идните студенти – порака дека не се сами, дека веќе постои заедница што ги чека. Некои од нив заминаа со нови пријатели, други со конкретни одговори на прашања што ги мачеле со месеци. Но сите заминаа со исто чувство: дека Словенија повеќе не е непознато место, туку нов дом во кој ќе бидат дел од нешто поголемо.

Учесниците поставуваат прашања на панелистите
Моменти кога учесниците им поставуваат прашања на панелистите!😊✨

За оние што не беа физички присутни со нас

Знаеме дека не секој успеа да присуствува во НЛБ Галерија, но затоа овозможивме квалитетен livestream. Настанот беше пренесуван во живо и сега е достапен за повторно гледање. Доколку сакате да ја почувствувате атмосферата и да ги чуете искрените приказни од панелот, можете да го погледнете на овој линк Погледни го видеото тука.

Постер за настанот „Запознај ја студентска Словенија“
Фотографија од постерот за настанот!

Се гледаме во Словенија!

„Запознај ја студентска Словенија“ не е само настан. Тоа е место каде идните студенти го прават првиот чекор – со поддршка, со совети од прва рака и со чувство дека не се сами. И оваа година успеавме да го создадеме тоа чувство, а тоа е најголемата победа.

Се гледаме повторно наредната година!

П.С. Секоја година после успешно оранизираниот настан тимот на МСОС традиционално се упатува кон најблиската кафана, на вечер полна дружење, пеење и емоции! 🤪 Затоа вреди да си и ти дел од нашиот тим! Придружи ни се.